Aко сакате да го засилите својот метаболизам уште од утрото, дознајте што треба да направите:
1. Вежбајте. Утринскиот тренинг не дава само виталност. Тој помага и за забрзување на метаболизмот – според истражувањата поефективни се утринските тренинзи од кое и да е друго време од денот. П, разбудете се со насмевка и почнете го денот со неколку вежби.
2. Додадете интензитет. Според неодамнешна студија, интензивниот тренинг за 2 и пол минути може да доведе до побрзо согорување на калории во текот на целиот ден – до вкупно 200 калории повеќе.
3. Не одложувајте го појадокот. Никогаш не треба да го пропуштите појадокот, бидејќи утринската исхрана помага да го задржите брз својот метаболизам. Јадете доволно калоричен појадок малку откако ќе станете за да има вашето тело енергија за целото утро.
4. Направете ужина меѓу појадокот и ручекот. Не грижете се – сосема можно е да се храните во средните часови и, сепак, да ослабнете. Најважно е храната што ја јадете да биде здрава и заситувачка. Најдобрите опции се да се одлучите за антиоксиданти и протеини кои можат да му дадат дополнителен поттик на вашиот метаболизам.