Овие производи влијаат на плодноста на мажите

Хемикалии кои можат да се најдат во паста за заби, сапун , пластични детски играчки , детергенти … се поврзани со неплодноста кај мажите. Ова е прв пат научници да откријат директна врска меѓу хемикалиите кои се наоѓаат во секојдневните производи и влијанието врз спермата. Тие откриле дека една од три хемикалии, кои претходно биле квалификувани како неотровни ја забавуваат спермата, спречуваат нејзино движење и влијаат за предвреме ослободување на ензими кои се од суштинско значење за спермата да ја оплоди јајце клетката. На тој начин доаѓа до неплодност кај мажите .

Истражувањето покажа дека 30 од 96 хемикалии кои секојдневно ги има во домаќинството имаат директно влијание врз протеинот ” catsper ” , кој ја контролира подвижноста на спермата и нејзиниот пат до јајце клетката. Научниците утврдиле дека била потребна само мала количина од тие хемикалии за реакција на спермата. Велат дека е важно да се знае дека сите тие хемикалии биле претходно квалификувани како не-токсични , а научниците веруваат дека пронашле начин на кој ќе се утврди кој е точниот износ на кој сперматареагира и со тоа да ги ” принудат ” европските регулаторни власти да нивната употреба или количината на производи ја забранат или ограничат .

мажиплодностспермахемикалии