Со колку девојки си бил пред мене?
Секој одговор би бил погрешен. Ако е бројката висока, тоа сигурно нема да ви се допадне, бидејќи ќе бидете уверени дека сте со сериски заводник. Доколку бројката е мала, ќе мислите дека не е фраер.
Дали некогаш си изневерил девојка?
Дали сè од вашето минато би му признале искрено на дечкото? Доколку одговорот е не, тогаш би требало да ви е јасно зошто ни момците не сакаат вакви прашања.
Мислиш ли дека другарка ми е убава?
Ако мисли дека е, зошто би скаалер да ви го каже тоа? Не поставувајте вакви прашања за кои не сте сигурни дека ќе добиете позитивен одговор, а само ќе го изнервирате.
Како ти се допаѓаат новиве балетанки?
За штикли може да го прашате, ама повеќето мажи балетанките ги сметаат за грда обувка, па доколку не сакате да ја слушнете вистината – не прашувајте.
Веруваш ли во љубов на прв поглед?
На мажите, на прв поглед веројатно им е секс на памет, а не љубов.