Болестите на срцето на е се ретка појава, а превенцијата е здрава исхррана. Постојат пет намирници што ќе ви помогнат да го заштите срцето.
Житни снегулки и зоб за појадок е здрав начин да го почнете денот. Нутриционистите препорачуваат една шолја зоб бидејќи е богат со влакна, што придонесува за здрави артерии.
Јогуртот не само што ја подобрува работата на срцето туку и го засилува имунитетот. Иако не спаѓа во редот на исклучителни намирници што се „лек за сѐ“, јогуртот придонесува за здравјето на срцето.
Маслиновото масло може да се користи место путер или стандарното масло за јадење во исхраната, а ќе ви овозможи подолг и поздрав живот. Го намалува ризикот од развојот на болести на срцето, го намалува и холестеролот.
Рибата треба да ја јадеме двапати неделно, а краен резултат од консумирањето риба се здрави крвни садови. Го намалува крвниот притисок и ја спречува неправилната работа на срцето.
Спанаќот е зеленчук што ги засилува вашето срце и имунитет. Богат е со влакна и калиум, а е познат по тоа што го намалува ризикот од настанување на болести на срцето.