Овие модни парчиња се непријатели на здравјето на жените

Високи потпетици:

Иако за посилниот пол високите потпетци на женската нога се неодоливи, тие се непријател на стапалата. Носењето на високи потпетици може да резултира со изместен зглоб, плускавци, грчеви во мускуслите и деформации на ножните прсти.

Големи и тешки чанти:

Истражувањата покажуваат дека нееднакво распоредениот товар може да предизвика болки во вратот. Чантите кои тежат од 15 до 17 отсто од телесната тежина можат да предзвикаат проблеми со карлицата. Британска студија покажува дека жените и мажите страдаат од болки поради носење на тешки и големи чанти согласни модните трендови.

Танга гаќички:

Танга гаќичките можат да предизвикаат вагинални или инфекции на уриналниот тракт. Ако тие се дел од вашата дневна гардероба, тогаш барам за спиење носете памучна долна облека.

Тесни фармерки:

Тесните фармерки се хит меѓу посилниот пол, но во исто време за жените се мака бидејќи предизвикуваат проблеми со мочниот меур. Затоа, гледајте почесто да бидете во поширока гардероба.

жениздравјепотпетицитангафармерки