Овие козметички производи не смеете да ги делите со никого!

Љубов и споделување апсолутно сè. За некои тоа е многу романтично,сепак, постои разлика. Кога станува збор за хигиена и санитарни производи навистина треба да се биде внимателен. Без разлика колку мислите дека споделувањето на одредени производи со вашиот партнер е добро,експертите не се согласуваат со таквиот вид “романса”. Тоа се производи кои навистина не треба да се делат со никого, пишува Women`s Health.

Сапун – Споделување сапун го зголемува ризикот од инфекции предизвикани од метицилин отпорни на Staphylococcus aureus (MRSA). Подобро користете течен сапун кој може да го делите со сите во домаќинството.

Рол он- Дезодорансите ги блокираат мирисите, но немаат антибактериски својства. Ако го споделувате рол он дезодорансот со кој ја мачкате кожата можете лесно да пренесете бактерии кои се задржуваат на производот.

Жилет -ако споделувате жилети со други ризикувате да добиете габични и бактериски инфекции

Крпа- делењето крпа со пријатели е ризик од разни инфекции – гонореја. Не користете влажна крпа која ја користел друг претходно, секогаш бирајте сува која ја користите само вие.

Ноктарица -често ги користат многу лица. Но со тоа можете да “заработите” габи на ноктите.

Четка за заби – не ја делете со партнерот за да не добиете инфекција. Никако не ја користете четка за заби на детето за да не му пренесете бактерии.

козметикарол онсапунчетка за заби