Овие грешки уште повеќе ви го влошуваат здравјето кога сте настинати

Околу 200 вируси може да бидат одговорни за обична настинка, а веројатно секој човек неколку пати во годината добива некој вирус кој води кон настинка. Ако вистински се грижите за себе во екот на настинката, имате поголеми шанси побрзо да ја излечите.

Еве неколку грешки кои придонесуваат за уште поголемо влошување на ситуацијата при настинка:

Велите дека не ви е ништо – Го игнорирате кивањето и течењето секрет низ носот, а научниците тврдат дека со тоа само го оддолжувате целосното лекување.

Примате антибиотици – Ако имате бактериска инфекција, антибиотици се потребни. Вирусите не реагираат на антибиотици, и ако ги земате и кога нема потреба за такво нешто, нема да ви помогнат.

Го игнорирате чувството на замор – Обично кога ќе ве нападне настинка или грип, немаме навика повеќе да одмораме. Тоа го правиме кога ќе не нападне висока температура. Но, сонот му помага на телото побрзо и поздраво да се рехабилитира.

Цигари – На сите треба да ви е јасно дека пушењето цигари само ќе ги влошите симптомите на грипот и настинката.

Немате физичка активност додека сте болни– Во текот на физичка активност, телото многу побрзо ги убива бактериите и вирусите. Ако не сте во состојба да вежбате, тогаш сигурно добро ќе ви дојде една прошетка од околу 30 минути.

антибиотицивирусигрешкинастинкатемпература