Овие болести се лекуваат со патувања

Алергија

Оние кои имаат проблеми со алергија знаат колку е мачно да се борат со тегобите кои таа ги предизвикува. На жалост, во последниве години, бројот на заболени од алергија се повеќе расте, а кај голем број доаѓа дури до астма.

Каде да отпатувате?

Во овој случај, треба да одберете место каде има помали количини на полен. Истражувањата покажуваат дека најмала количина на полен има на Алпите. На висина од 1.200 метра надморска височина, концентрацијата на алергени е многу помала, а на висина од 2.000 метри воопшто и ги нема. Доколку оваа зима не можете да отпатувате таму, секоја друга планина може да ви помогне. Во нашата земја има преубави места каде што може да отпатувате, барем на еден викенд.

Бронхитис

Голем број луѓе, вклучувајќи имаат проблем со дишните патишта или патат од хроничен бронхитис. Ова е последица од загадениот воздух, влага или ладното време.

Каде да отпатувате?

Море! Најдобра дестинација е морето поради големата количина на јод која ја поттикнува циркулацијата на слузокожата. Покрај тоа, и планинскиот свеж воздух има голема моќ да ги освежи дишните патишта. Затоа, за оние кои нема да одат на море, планина е решение.

Реума

Болката во зглобовите и нивното отекување претставува борба која имунолошкиот систем ја води против целиот организам. Иако, се уште не се знае како настанува, ниту постои траен лек, витаминот Е и омега 3 киселините може да помогнат за олеснување на болките.

Каде да отпатувате?

Реумата најмногу се лечи во бањите, природните извори каде извира вода богата со сулфати и натриум. Во Македонија, има неколку бањи каде може да ги посетите.

Стрес

Секојдневно сме изложени на стресни ситуации, на работа, дома, во сообраќај. Денес, слободно може да кажеме дека не постои човек кој не пати од стрес, кој многу често може да доведе до поголеми компликации во здравјето.

Каде да отпатувате?

Луѓето кои се постојано изложени на стрес, препорачливо е да патуваат почесто. Идеално место: село. Обидете се да најдете некое место богато со појзажи, да седнете мирно покрај камин, да издишете длабоко и за кратко време ќе го повратите мирот во вашиот организам.

Мигрена

Силни главоболки, мачнини во желудникот, иритација на најмал звук или светлина се дел од симптомите за настапувањето на мигрена.

Каде да отпатувате?

Препорачливо е патување на езеро, некаде каде што нема да почувствувате нагли промени. Избегнувајте силни мириси, а езерото токму тоа ви го нуди. Предлог: Охрид. Нека следната ваша “терапија“ биде прошетка низ св. Наум.

алергииболестибронхитиспатувањаприродастрес