Овчи сипаници и ентероколити ги “сардисаа” македонските граѓани

Во текот на мај, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници, со 1445 случаи. Во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 59,4%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања со 60,3%. Во однос на претходниот месец април 2017, бројот на заболени од овчи сипаници е зголемен за 66,7%. Во однос на месец мај 2016, како и во однос на аритметичката средина 2012-2016, во овој месец се регистрира зголемување од 32,9% и 53,4% соодветно. Во вкупниот број на регистрирани овчи сипаници во 2017, пријавените случаи во мај учествуваат со 28,6%, додека во вкупниот број на регистрирани акутни заразни заболувања во 2017 година, овчите сипаници учествуваат со 50,8%. Кумулативниот број на заболени од овчи сипаници во 2017 е зголемен за 29,4% во однос на кумулативата во истиот период во 2016.

На второ место по број на регистрирани заболени во месец мај се ентероколитите (n=769). Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 31,6%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 32,1%. Во однос на претходниот месец април 2017, се регистрира зголемен број на заболени лица од ентероколити за 1,2%. Во однос на месец мај 2016, регистрирано е зголемување за 11,1%, а во однос на аритметичката средина 2012-2016, се бележи незначително намалување за 1,9%. Во вкупниот број на пријавени ентероколити во 2017, бројот на заболените во мај учествува со 20,5%. Во вкупно регистрираните акутни заразни заболувања во 2017 година, учеството на ентероколитите е 37,6%. Кумулативниот број на заболени од ентероколити во 2017 е зголемен за 23,6% во однос на кумулативата за истиот период во 2016 година.

децаентероколитипопуларносипаници