Селенот е минерал кој на нашето тело му е потребен. Во мали дози тој има позитивно влијание на нашето здравје, додека во големи количини може да биде опасен.
Премногу селен (200 микрограми дневно) се поврзуваат со зголемен ризик од дијабетес тип 2, рак на простата, а големите количини на овој минерал нема да имаат позитивен ефект ниту на срцето. Селенот е еден од оние елементи кои во нашето тело се потребни, но потребно е да ја одредите вистинската доза, објаснува Марк Мојард, автор на книгата „The Supplement Handbook“.
Истражувачите претходно утврдија дека количината на селен во телото има врска со фертилитетот, односно плодноста, поточно жените кои внесуваат доволни количини од овој минерал во поголем број на случаи забременуваат отколку оние кои не го внесуват доволно.
Еден од најсигурните начини да го внесете доволно, но не премногу, е да го внесувате преку храната. Кои намирници треба да ги јадете?
1. Бразилски орев
Бразилскиот орев е најдобар извор на селен со 514 микрограми на 30 гр ореви (од 6-7 ореви).
2. Риба
Со 95 микрограми во една порција туна, таа е на второто место. Добар извор на селен се сардините со 45 микрограми во порција.
3. Свинско, говедско и пилешко
Како и рибата и месото е богато со селен. Свинското месо има 42 микрограми, говедско 33 микрограми, мисиркиното месо 31 микрограми, а пилешкото 22 микрограми по порција.
4. Домашен кашкавал
Не само што има 20 микрограми селен, туку и 130 мг калциум во 100 гр.