Оваа храна не смее да се јаде на празен желудник

Одредени производи не треба да се јадат на празен желудник, бидејќи може да предизвикаат киселини, мачнина и болки. Лекарите советуваат дека ако во моментот навистина немате друг избор, пред да јадете некои од овие оброци, посебно лута храна, задолжително напијте се малку млеко или јогурт за да се обложи слузокожата на желудникот.

Јаболка и круши

Јаболко или круша на празен желудник може само да го зголеми вашиот апетит и да ја влоши ситуацијата. Ако сепак се одлучите за ова овошје, комбинирајте го со неколку ореви, парче сирење или кашкавал.

Грицки

Овие производи нема да ви помогнат ако сте навистина гладни. Разните соленки, чипсови и крекери не се добар избор за празен желудник. Наместо тоа, изедете мал ладен сендвич и почекајте го главниот оброк.

Кафе

Ова е една од најчестите грешки што ги прават луѓето – утринското кафе воопшто не е полезен начин да се започне денот. Лекарите велат дека кафето на гладен стомак му штети на целиот организам. Цитрусното овошје и кафето најмногу го поттикнуваат лачењето на желудочната киселина, која ја нагризува слузокожата на желудникот, а со тоа создаваат одлична подлога за појава на чир.

грицкижелудникјаболкокафеутрохрана