Оваа диета се држи од 9 до 17 часот!

Ова е диета за работен народ со која можете да изгубите три килограми за две недели.

1. Придржувајте се до менито во текот на работното време две недели. Оброците можете да ги замените или да повторите некое омилено јадење, но внимавајте да биде разновидно.
2. Ако не ви се допаѓа некое јадење од дневното мени, можете да изберете друго, но внимавајте да има вкупно 200 калории за појадок и 300 за ручек.
3. Секој ден јадете салата или свеж исечкан зеленчук, кое можете да го зачините со ладно цеден оцет.
4. За вечера и за викенд, можете да си јадете што сакате, но смалете ги порциите или одберете поздрави варијанти.
5. За викендот, за доручек и ручек, можете да изберете нешто од работното мени.
6. Пијте најмалку осум чаши вода на ден. Можете да пиете кафе со немасно млеко и вештачки засладувач, билен или овошен чај и лесни напитоци.

Мени

Понеделник

Појадок: 200 г лесен јогурт од јагоди, мала банана и мандарина.
Претпладневна ужина: Праска.
Ручек: Грозје, палачинка полнета со пилешко во сос од зеленчук.
Попладневна ужина: Интегрален тост со 1 лажица топено сирење, салата.

Вторник

Појадок: 30 г житарки со немасно млеко, јаболко.
Претпладневна ужина: Кришка диња.
Ручек: 220 г салата од туна, 70 г чоколадна пена, праска.
Попладневна ужина: Мешан свеж зеленчук, 3 лажици паштета.

Среда

Појадок: Енергетска плочка од житарки и јагоди, крушка.
Претпладневна ужина: Јаболко.
Ручек: Сендвич од интегрален леб, лосос и краставици, банана.
Попладневна ужина: 125 г лесен јогурт од боровинки.

Четврток

Појадок: 40 г мусли со овошје и немасно млеко, киви.
Претпладневна ужина: 15 јагоди.
Ручек: Салата од зеленчук и морски плодови, пакетче чипс, мандарина.
Попладневна ужина: Јаболко.

Петок

Појадок: Енергетска плочка од житарки и мед, 10 јагоди, киви.
Претпладневна ужина: Кришка диња.
Ручек: 200 г грав од конзерва, мал варен компир и салата.
Попладневна ужина: Чаша топло чоколадо.

диетакалориикилограмиработахрана