Ова се симптомите на болеста од која почина легендарниот Бора Чорба: И најмала настинка го става телото во состојба на шок

Кога пред една година беше откажан концертот на Бора Ѓорѓевиќ поради неговата болест, сите беа загрижени. Во таа прилика уметникот признал дека има пневмонија и дека веќе некое време се бори со низа здравствени проблеми.

Во една од неговите понови песни, Бора напиша дека „пати од разни болести“.

„Навистина не ми се допаѓа што стареам, станувам мрзлив старец, не живеам, само преживувам и патам од разни болести… Тука се чувствувам како и сите странци, додека ги одработувам последните денови, ги држам сите на дистанца и си досадувам себеси“.

Што е опструктивна белодробна болест?

Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) најчесто се јавува како резултат на долги години вдишување на штетни материи од чадот од тутунот. Тоа е хронично белодробно заболување кое резултира со ограничен или намален проток на воздух во белите дробови поради оштетување на дишните патишта, најчесто на белодробните алвеоли. Од оваа болест најчесто заболуваат повеќедецениските пушачи постари од 40 години од двата пола.

Најчестите симптоми се:

– отежнато дишење

– чувство на недостаток на воздух или останување без здив при физички напор или носење товар

– потешко и подолго закрепнување по настинка

– кашлица

– искашлување густ секрет

– во потешки случаи доаѓа до здружување на болеста со воспалителна реакција на белите дробови

Од ХОББ најчесто заболуваат пушачите или поранешните пушачи, луѓето кои живеат во куќи каде греењето е на печка или оние кои работеле на места каде има многу прашина и чад.

За лекување на ХОББ се користат лекови кои ги елиминираат симптомите со проширување на дишните патишта, смирување на воспалението и инфекцијата, а доколку е потребно и други лекови за зајакнување на силата на срцевиот мускул. За третман на оваа болест се користат аеросоли, т.н. пумпи со помош на кои лекот се внесува со вдишување.

Во напредна фаза на болеста, кога кислородот во крвта е значително помал, на пациентите им се препишува долготрајна оксигенотерапија во домашни услови. Тоа значи употреба на кислород преку уред наречен концентратор на кислород во домашни услови. Пациентот е на постојана оксигенотерапија најмалку 16 часа дневно.