Ова мора да го прочитате пред да намачкате маргарин

Не се сите маргарини исти

Малкумина знаат дека во минатото маргаринот е прогласуван за одличен диетален производ, „лек“ против прекумерните маснотии во крвта и поздрава замена за путерот. Тоа било така сè додека не се открила штетноста на процесот на хидрогенизација.

Во прашање е процес со кој на растителните масла им се додава водород со што тие преминуваат во цврста состојба, можат лесно да се мачкаат и подолго да се чуваат. Оттогаш маргаринот ја добива својата лоша репутација. И со право. Во процесот на хидрогенизација се создаваат штетни масни киселини познати под името транс масти. Многу истражувачки студии како таа на познатите Mayo Clinic и Harvard Medical School, ги поврзуваат транс мастите со зголемување на ризикот од срцеви заболувања, дијабетес итн.

Не се сите маргарини исти!

За среќа, како што науката ги откри влијанијата на мастите врз човековото здравје, така и технологијата за производство на храна откри нови методи за добивање на здрави производи. Денес постојат различни видови на маргарини кои се разликуваат по својот состав и начин на производство. Она што „вчера“ важеше за маргаринот, денес не важи за сите маргарини.

Штетните транс масти се наоѓаат најчесто во тврдите маргарини во коцка, додека оние кои се продаваат во пластична кутија, како што е на пример Bords Eve, тие се произведуваат без процес на хидрогенизација на мастите и затоа не се опасни за здравјето. Напротив, маргаринот без хидрогенизирани масла е корисен за организмот. Тој се добива од природни растителни масла, како што се маслото од семето на маслодајната репка, сончогледот, палмовото масло и главно ги содржи сите видови на корисни незаситени масни киселини за човечкиот организам.

Дополнително, ваквите маргарини во себе имаат најмногу 20% заситени масти, што е далеку помалку од путерот кој во себе има и над 50% заситени масти. Практично овие податоци ни кажуваат дека маргаринот за мачкање ги содржи токму маснотиите кои се неопходна градивна материја на клетките во нашето тело и не го зголемува лошиот холестерол во крвта, како што тоа го прави путерот.

Затоа, внимателно прочитајте ги ознаките на производите, не се сите маргарини исти, одберете ги оние маргарини кои не содржат хидрогенизирани масти и кои го имаат благотворното дејство на незаситените растителни масти.

здраввјејадењемаргарин