Познато е дека не е во ред вечерање пред спиење бидејќи храната тешко се вари. Има некои производи кои ако се јадат малку после вечера или се грицкаат помагаат за добар сон.
Оревите се се добар извор на триптофан. Триптофан е амино киселина која во телото се претвора во невротрансмитер на серотонинот, хормонот за добар сон . Дури и едно истражување покажало дека оревите содржат мелатонин.
Бадемите се богати со магнезиум , минерал неопходен за квалитетот на сонот. Докажано е дека луѓето со мала количина на магнезиум во организмот имаат тешкотии со спиењето.
Сирење и млеко – порано беше познато дека една чаша млеко пред спиење е добра за добар сон. Но екпсертите велат дека всушност секој млечен производ помага во подобро спиење. Улога во тоа има калциумот кој го олеснува користењето на триптофан.
Марула – велат подобро се спие ако се вечера зелена салата. Марулата содржи лактуцин кој му помага на телото да се релаксира и да се има мирен сон.
Туна – рибите се богати со витамин Б6, кој е потребен на телото за производство на мелатонин и серотонин. Друга храна која го содржи се фстаци и суров лук.
Чај од камилица е одличен за релаксација на стомакот ако имате грчеви но е добар и за релаксирање на телото пред спиење. Камилицата има смирувачки дејства.