Ова е тајната за долга љубовна врска!

Што мислите, која е тајната за цврста врска? Почит и љубов, поддршка и разбирање. Но експертите тврдат дека ниту една од овие карактеристики не се точниот одговор на прашањето. Па, за што тогаш станува збор?

Џејмс Прис, познат и како гуруто за љубовни состаноци, тврди дека тајната за силна и неверојатна врска е делењето иста смисла за хумор. Ако добро размислите, ова има логика, бидејќи наоѓањето хумор во истите нешта може да доведе до неверојатни ефекти, како на пример, поголема среќа, добросостојба и поврзување меѓу партнерите.

„Кога сте на исто рамниште во однос на хуморот, вие можете да ги видите смешните страни на скоро сите ситуации низ кои заедно минувате и најчесто ќе бидете многу порелаксирани во однос на тоа што животот ќе го фрли на вашиот пат. Сите аргументи можат да бидат разрешени ако се цените повеќе, а истата смисла за хумор токму тоа и го постигнува.”

За подобро да објасни, Прис го воведува терминот хумор за поврзување, што вклучува создавање конекција така што се наоѓа заедничко гледиште, споделување приказни и зближување со помош на смешните животни анегдоти.

„Кога двајцата можете да се смеете за истите нешта, тогаш вие природно ќе се поврзете и ќе бидете посилни како пар”, објаснува Пирс. „Од друга страна пак демонстрирањето хумор е знак за висока интелигенција, која исто така е уште атрактивна карактеристика.”

врскаљубовпартнеритајнахумор