Ова е најстариот метод за продолжување на животниот век

Присутен илјадници години

Започна периодот на Велигденски пости што е индикатор за телесно и духовно прочистување на организмот. Дефиниран како воздржување од одредена храна и пијалоци во одреден временски период, постот како концепт е присутен илјадници години, а духовното постење е дел од многу религии.

Додека некои луѓе постат од духовни причини, за други постот е начин физички да го дисциплинираат телото. Без оглед на причините, научно е докажано дека постот има огромни здравствени придобивки, посебно во забавување на стареењето.

Постот игра важна улога во детоксикацијата на телото и една од најбараните придобивки на постот е процесот на заздравување кој започнува во телото за време на циклусите на гладување. Овој процес се јавува кога телото ги бара изворите на енергија што не може да ги најде преку варењето на храната или течностите . Ова го принудува телото да работи екстра тешко за да функционира, што резултира со елиминација на оштетените делови од телото, како што се абнормални израстоци, оштетени имунолошки клетки и ткива поради недостаток на поддршка на расположивите производи на телото. Корист од циклусот на гладување е тоа што го ослободува телото од токсини кои се изградени во нашите резерви на масти, ја подобрува регулацијата на холестеролот и глукозата во крвта, може да ја редуцира телесната маса, овозможувајќи на телото природно и здраво да се лекува, но и да се подмладува.

Најголема научно докажана предност на постот е чувството на подмладување и продолжен животен век. Дел од овој феномен е предизвикан од голем број на бенефиции споменати погоре. Забрзан метаболизам, ефикасно производство на мускулна маса, подобрен имунолошки систем и зголемено производство на хормони придонесуваат за оваа долгорочна корист од постот.

подмладувањепостењепродолжување