Ова е најмоќниот плод за добро здравје

Потсетува на ѓумбир, а има вкус на недозреан лешник

Во последно време често се зборува за чичоката, секогаш кога ќе се спомене здравата храна. Овој необичен плод потсетува на ѓумбир, а има вкус на недозреан лешник.

Нејзината главна состојка е инулинот, кој претставува пробиотик кој го стимулира развојот на бифидобактерии и ацидофили, бактерии кои благотворно влијаат на нашето здравје. Таа помага во елиминирање на микроогранизмите во нашата цревна флора, спречувајќи ги цревните инфекции, а помага и за превенција на рак кај дебелото црево. Освен тоа, инулинот го нормализира нивото на триглицериди и холестерол во крвта, па така го спречува настанувањето на кардиоваскуларни заболувања и постепено ги намалува масните наслаги кои ги мачат многу луѓе кои имаат вишок килограми.

Освен што е многу здрава, таа има ниска енергетска вредност и изобилува со витамини и минерали. Одличен извор е на фосфор и калиум. Калиумот е важен за контрола на крвниот притисок, правилна работа на мускулите и срцето, регулација на вода во организмот и пренос на нервни импулси додека пак фосфорот обезбедува цврстина на забите и коските. Чичоката содржи и калциум, магнезиум, железо, витамини од групата Б, Ц Д и провитамоин А. Таа е и одличен извор на аминокиселини, кои организмот не може да ги произведе сам.

Најчесто се приготвува како компирот, готвена или печена, а може да се користи и сирова

здравјелекплодчичока