Ова е најмоќниот лек против воспаление на синуси

Домашен и ефикасен

Овој лек од рен и оцет е навистина моќен во борбата против воспаленија на синуси и главоболките кои се задолжителен симптом.

Се што треба да направите е да изрендате рен и да го прелиете со половина литар вински оцет.

Мешавината ставете ја во стаклено шише и добро затворете. Чувајте ја 10 дена на собна температура, со повремено мешање.

Кога ќе поминат овие 10 дена, неколку пати во текот на денот отворете го шишето и правете инхалации околу 5 минути.

Истата течност може да ја ставите на парче памук или ткаенина и да ја држите како облога.

Терапијата трае 5 дена, што е сосема доволно. Можете да ја повторувате најмногу 2 пати во месецот.

Уште еден рецепт против воспалени синуси е да изрендате 50 грама рен во половина литар вода и да ставите да зоврие. Потоа правете инхалации, покриени со пешкир.

лекнајмоќенсинуси