Ова е најбараниот и најскап зачин во светот

Има бројни лековити својства и вреди за секоја пара

Шафранот е најбаран и најскап зачин во светот, тој воедно е познат и како „црвено злато“.

Килограм од најквалитетниот шафран чини околу 3.000 долари, а причините за тоа се многубројни. Шафранот расте во специфични услови и цвета само една недела во годината. Најдобро расте на сонце и на суво, но богато тло. Се бере само во одредено време, а за половина килограм од овој зачин потребни се околу 80.000 цветови од билката. На високата цена на овој зачин влијае и тоа што се се работи рачно – од жетвата до сушењето.

Најпопуларен е шафранот од Индија, Иран и Шпанија, а луѓето ширум светот се подготвени да одвојат пари за овој скапоцен зачин поради неговите лековити својства. Старите Грци, Кинезите и Индијците го користеле овој зачин за се – од парфем до лекови.

Истражувањата покажаа дека шафранот, меѓу останатото, може да го подобри расположението, да ги намали симптомите на ПМС и да помогне во слабеењето.

Американските психијатри тврдат дека шафранот е природен антидепресив, бидејќи нема несакани споредни ефекти. Освен тоа, бројни студии покажаа дека шафранот ја намалува анксиозноста и депресијата.

Шафранот има интензивен мирис и малку горчлив вкус. Во продажба може да се најде во мали количини, во облик на сушени влакна или мелен. Најчесто се користи во подготовката на слатки и јадењата со ориз.

зачиннајбараннајскапшафран