За откажување на цигарите не е пресудна волјата на луѓето туку генетската предиспозиција, тврдат американски научници од Њујоршкиот институт за лекување болести на дишните патишта. Нивното тврдење го поткрепуваат со истражувањето кое траело цели 38 години и со кое биле опфатени илјадници испитаници при што кај одреден број од нив било утврдено дека имаат генетски варијации кои кај пушењето имале двојна улога. Тие се манифестирале во тинејџерскиот период кога се јавувала склоност кон почнувањето со пушење што во понатамошниот живот доведувало до исклучителна зависност од цигарите.На почетокот на истражувањето се покажало дека дури 70 проценти од младите испитаници се обиделе да пишат. Од нив кај 27 отсто се манифестирале варијабилни гени кои јасно укажувале дека за две децении ќе станат страсни зависници од никотин, а 22 проценти никогаш нема да ги остават цигарите.