Малата Грејс од кога е родена е на палео диета и никогаш не пробала чоколадо, преработена храна или намирници кои не се од органско потекло.
– Овој начин на исхрана е одличен. Сите деца околу неа се постојано болни и им течат носовите, а Грејс никогаш не се закашлала – вели мајката.
Таа додава дека додека е Грејс мала и има контрола над нејзината исхрана, ќе и дава намирници кои се дозволени во палео диетата, но нема да и брани да оди на родендени и да се дружи со деца само за да ја избегне нездравата храна.
-Нема да паднам во несвест ако изеде леб или парче торта, но се надевам дека ќе успеам да и изградам свест за тоа што е вистинска храна – вели Шен.
Во книгата „Палео диета“ се тврди дека човековата генетика најдобро е прилагодена кон исхраната на нашите предци пред земјоделската револуција. Палео диетата се базиара на исхраната која им била достапна на луѓето во тоа време. Многу намирници се забранети. Накратко, тоа значи избегнување на сувомеснати јадења, потоа шеќери, сол, производи од житарки (леб, пченка, пченица, ориз, тестенини …) мешунки, млечни производи, квасец, кафе и алкохол. Компирот, сојата и пченката се посебно забранети поради тоа што тие денес се генетски и нутриционистчки модифициарани.
Месото (вклучувајќи и морски плодови) и јајцата се можеби најважни компоненти на Палео диетата. Зеленчукот е дозволен освен гравот, компирот и мешунките. Печурките се дозволени.
Овошјето, јаткасто овошје и семките (освен кикириките) може да се комзумираат. Медот и сушеното овошје се дозволени во помали количини. Дозволени се само некои масла-ленено, маслионовото и масло од канола. Се препорачува земање на рибино масло во капсули. Од пијалоците – дозволена е водата и чајот, но и свежо цедени незасладени сокови во мали количини.