Научници од Калифорнија го модифицираа антибиотикот ванкомицин, за да се спротивстави на бактериските инфекции, опасни по живот. Тие велат дека силната компонента може да ја елиминира заканата од отпорност на антибиотици во иднина.
Антибиотската отпорност, при која микробите повеќе не реагираат на лекови, станува глобален здравствен проблем.
Особено загрижувачки се таканаречените „супербактерии“. Пациентите кои заздравуваат по операција, се подлежни на ваква отпорност, што ги доведува во опасност од смрт.
Истражувачите го надградиле антибиотикот откриен пред 60 години, правејќи клучна промена во молекуларната структура.
Модификацијата е дополнување на претходните две промени за подобрување на јачината на лекот.
Научниците велат дека предизвикот сега е да се намали бројот на чекори потребни во лабораторија, за подобрување на ефективноста на ванкомицинот.