Осум македонски државјани се повредени меѓу кои две лица потешко во судирот меѓу македонски автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре.
Во автобусот имало 18 патници. Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени, информираше МНР