Ослободете се од мускулната болка во вратот и рамото

Без ничија помош

Секој човек може да се здобие со затегнатост во вратот, без разлика каква професија има. Започнувајки од атлетичари, спортисти, канцелариски работници, неактивни луѓе и така натаму.
Горниот дел на m. trapesius знае доста често да се згрчува, тоа е резултат на голем број фактори.      Оваа ситуација доведува до чувство  на затегнатост/згрченост во вратот, може да влијае стресно, да предизвика главоболки со голема тензичност во вратот и да предизвика голема нелагодност во тој дел. Доколку не превземеме ништо таа згрченост може да се одрази и на држењето на нашиот врат и рамен појас.

 

Се што ви е потребно е да се послужите во домашни услови со обично тениско топче и да пробате да ги изведете следниве едноставни и лесни вежби за релаксирање на затегнатиот дел.

Легнете на под, со свиткани нозе во колена и вашето топче поставете го приближно до горниот дел од m. trapesius како што е поставено и покажано на сликата. Лесно ќе може да ги почуствувате создадените јазли или згрчени места, односно затегнатиот дел на мускулот. Тие ќе се чувствуваат доста силно и можно е да болат.

 

Следната постапка е да ја кренете вашата рака на чија страна е поставено топчето. Кренете ја преку глава, во правец кон земја. Потоа од оваа положба движете ја раката нагоре/надоле неколку пати.

Совет : доколку не го чувствувате топчето доволно добро легнато под мускулот, подигнете го вашиот задник и целосната тежина на вашето тело да падне на топчето.

Ова е одлична техника на самопомагање, кога ќе ја пробате ќе знаете на што мислам. Нема да се релаксира само од една изведба. Поради тоа правете го почесто, еднаш до два пати дневно или доколку имате услови на работното место за време на пауза би било одлична релаксација при работните активности.

болкивратрамо