Ослободете се од мирисот на цигари со неколку трикови

Доколку сте од оние домаќини на кои им е незгодно да ги замолите гостите да не ви пушат во затворена просторија,  тогаш мора да ги знаете овие неколку трикови да ја одстраните миризбата од нив. Миризбата која останува по пушење во затворена просторија е кошмар за секој непушач, но не им годи дури и на пушачите. Најлошо е што тешко можете да се ослободите од наталожениот чад кој се вовлекува буквално секаде, а дури и проветрувањето не помага.
За среќа има трикови кои успешно ќе го решат проблемот. Со нив можете да го исчистите домот, автомобилот и облеката од непријатната миризба.

Сода бикарбона
Посипете сода бикарбона на мебелот, теписите и оставете да дејствува преку ноќ. Таа има способност да го впива мирисот на дим како и било кој друг мирис кој е присутен во домот. Следниот ден едноставно вшмукајте ја содата од површините. Ако миризбата е сè уште присутна, повторете ја постапката.

Амоњак
Ѕидовите и таваните можете да ги третирате со раствор од амоњак и вода (или било кое средство на база на амоњак). Луѓето често ги занемаруваат овие делови од просториите, а токму на нив најмногу се таложат слоеви од чад. Ако амоњакот не помогне, сепак ќе морате да ја искречите собата. Новата боја ќе ја прекрие старата која го впила мирисот на чад и проблемот ќе е решен.

Оцет
Иако ни самиот оцет нема пријатен мирис, ефектно делува на облеката и ткаенини кои имаат миризба на чад. Во сад со врела вода ставете филџан оцет и закачете ја облеката над него да стои на пареата. Тоа треба да го отстрани непријатниот мирис. Оцетот дејствува во куќата ако со него наполните садови и ги ставите по просториите.

Јаглен

Сè што треба да направите е да поставите садови наполнети со дрвен јаглен во собата или автомобилот кој мириса на чад, неколку дена. Јагленот успешно ќе ја извлече миризбата на цигари од просторот.

Јаболки
Преполовете јаболки и оставете ги во просторот каде треба да се извлече миризбата на чад. Покрај тоа домот ќе ви замириса на јаболко, што е дополнителен плус.

амоњакдимјагленоцетсодатриковицигара