Ослободете се од главоболката за само 60 секунди!

Техмика што можете да ја примените дома

Ако често имате главоболки или мигрена, веројатно веќе сте се обиделе со неколку методи за ублажување или елиминирање на болката.

Сè што сакате во моментот е да ја отстраните оваа болка на најбрз можен начин, бидејќи често се случува како последица на тоа да чувствувате чувствителност на светлина, мачнина и повраќање и по неколку дена.

Зошто доаѓа до силни главоболки или мигрена?

Најчестите предизвикувачи се стресот, промените во ритамот на спиење, хормоналната нерамнотежа и преголемата доза на кофеин.

Секој поединец, исто така, има различна причина за активирање на главоболката, и затоа не можеме да примениме еден лек кој ќе им одговара на сите пациенти. Сепак, пробајте го следниот трик, кој се покажа доста ефикасен. Масирајте ја главата со есенцијално масло од нане.

Трикот е прилично едноставен:

Ставете неколку капки есенцијално масло на прстите (што може да се меша со друго масло, на пример, од кокос). Масирајте го челото и слепоочниците најмалку една минута со кружни движења.

Ако масажата е премногу болна, ставете неколку капки есенцијално масло на шамиче или во топла вода и вдишете. На челото исто така можете да ставите и ладен пешкир со мирис на маслото.

Една студија во 2015 година покажа дека нането помага да се олесни главоболката или целосно да се отстрани.

60главоболкасекундитехника