Британски лекари тврдат дека осаменоста и социјалната изолација го зголемува за 50 проценти ризикот од предвремена смрт, пишува „Гардијан“.
Монотонијата е толку опасна за луѓе колку што се и хроничните болести. По оценка на специјалистите, во моментов во Велика Британија од осаменост страдаат не помалку од 1 милион души.
Проф. Хелен Стокс-Лампард ги повика лекарите да одвојат повеќе внимание на пациентите-самотници, откако тие се поставени во услови на зголемен ризик и имаат потреба од комуникација. Во оваа категорија најчесто се вклучуваатпензионери и вдовици. кај нив се забележуваат болести како што се дијабетес, хипертензија и депресија.
Според истражувањата на универзитетите во Њујорк, Ливерпул и Њукасл, осаменоста го зголемува за една третина ризикот од срцев удар или мозочен удар.
Проф. Хелен Стокс-Лампард истакна дека многу често, осамените лица се јавуваат на своите лекари само за да прозборуваат со нив. Можноста за нив да раскажат за нивните доживувања и бараното сочувство, понекогаш се поважни од препишаните лекови.