Опасноста демне – Расте бројот на заразени со морбили во Романија!

Само за една недела во Романија се регистрирани над 100 нови случаи на болни од сипаници.

Во почетокот на годината во Романија избувна епидемија од морбили и до моментот се регистрирани 8.455 случаи на болеста како кај деца така и кај возрасни. Досега има и 32 смртни случаи, најмногу во западните окрузи каде нивото на вакцинација е под 50 отсто.

Според Министерството за здравство во Романија над 200 илјади деца меѓу 9 месеци и 9 години не се вакцинирани против болеста.

епидемијаморбилипопуларнороманијасипаници