Микробиолог од Универзитетот од Њујорк, Филип Терно тврди дека преку даските на вц школките не можете да се заразите сериозно.
Иако, до скоро владееше теоријата дека даската на вц школката е главниот виновник за гастроинтенстинални и сексуално преносливи болести, се испостави дека тоа сепак не е точно.
Терно, сепак не го успорува фактот дека на даската можат да се најдат многу бактерии како ешерихија коли или стрептокока, но не постои можност да се заразиме доколку не седнеме на даската. Меѓутоа, ако со рацете ја допреме даската и после користењето на тоалетот не ги измиеме рацете, тогаш навистина постои можност од зараза.
Ако ги измиете рацете со обичен сапун и топла вода, тогаш сте ја намалиле шансата за ширење на болести за 50%. А за да се осигурите целосно и да ги сведите шансите на минимум, потребно е да ги миете рацете најмалку 20 секунди.