Опасни тропски болести и се закануваат на Европа, на удар и Македонија!

На големата светска конференција што се одржа во Амстердам, научниците се согласија дека постоти реална опасност во Европа да се појават опасни тропски болести. Овие болести порано се појавувале само во топлите краишта , но поради глобалното затоплување на Земјата , болестите ќе се рашират и во северните делови на Европа.

Според научниците , глобалното затоплување создаде услови за комарците , крлежите и другите инсекти  што пренесуваат болести , неконтролирано да се размножуваат и да се рашират низ цела Европа.

Меѓу најзагорзените земји е и нашата , како и целиот регион. Така , кај нас е многу извесно дека ќе се појават Денга треската, маларија, Западнонилска треска и други слични болести што се пренесуваат преку инсекти.

Климата , велат научниците е толку сменета што во Медитеранот владее тропска клима , а доказ за тоа е опстанокот и размножувањето на тигресите комарци , за кои до пред неколку години овој регион бил премногу студен.

болестиевропаклиматскикомарецтропски