Оние што плачат се и поздрави и попаметни!

Имаат подобро здравје

Поттиснувањето на чувствата не е здраво за никого. Во нашето општество ги славиме оние кои можат да го игнорираат стресот. Во реалноста, насобраниот страс води кон оптеретување и здравствени проблеми како: зголемен ризик за срцев удар, анксиозност и висок крвен притисок. Според др. Вилијам Фреј, плачењето го намалува стресот и за умот и за телото. Тој вели дека плачењето го намалува нивото на холестерол и ја намалува хемикалијата која може да доведе до тешкотии. Уште едно истражување покажало дека преку плачењето се обновуваме и психички и физички.

Тие се посреќни

Вообичаена е заблудата дека луѓето кои често плачат се најтажни луѓе. Напротив, плачењето го подобрува расположението. Во едно истражување кое доктор Фрејс го спровел, 88.8% од испитаниците откриле дека расположението им се подобрува откако ќе се исплачат. Плачењето овозможува емотивно олеснување кои ни дозволува да ја ослободиме тагата. Сите имаме причини за плачење во одреден период од животот, а оние кои го дозволуваат тоа се во состојба да се ослободат од својата болка и да гледаат кон посветлата иднина.

Тие се похрабри

Без оглед на тоа дали мислите дека ранливоста е сила или слабост, несомнено е и предизвик. Само храбра личност може да ги покаже своите чувства пред другите луѓе. Оние кои плачат се изложуваат на ризикот од осудување, несфатеност и омаловажување. Поголемиот дел од нас поради тоа не се подготвени да бидат ранливи, но оние кои плачат сепак го прифаќаат ризикот. Па така, кој рече дека плачењето е слабост?

Тие подобро комуницираат

Една слика – 1000 зборови, а верувам дека истото важи и за плачењето. Луѓето кои често плачат имаат смисла за комуникација. Преку солзите нудиме јасна слика на нашето срце. Луѓето кои често плачат го користат тој начин да се изразат. Тоа само ја зајакнува нивната способност за поинакви начини за комуницирање.

Имаат подобри односи

Ранливоста е тоа што ги поврзува луѓето на подлабоко ниво, а плачењето е врвот на ранливоста. Луѓето кои често плачат доживуваат поврзаност со другите поради тоа што ја споделуваат таа ранливост со другите. Кога им дозволувате на вашите пријатели да бидат сведоци на вашите солзи, обично вашиот однос станува подлабок и поповрзан.

Тие се поискрени

Солзите се автентични. Додека ви течат солзи, не можете да се контролирате и самите на себе си признавате што чувствувате. Плачењето не е само храброст, тоа е и искрен одраз на срцето. Луѓето кои често плачат многу почесто се соочуваат со својата реалност. Кога човек може да ја признае состојбата на својата душа, тоа води кон поискрен живот.

Подобро се разбираат себеси

Оние кои почесто плачат во суштина имаат поразвиена свест за себеси. Тие сакаат да ги разберат своите чувства. Луѓето кои не плачат често имаат проблем да ги објаснат или разберат сопстввените чувства.

Тие подлабоко го доживуваат животот

Животот навистина е полн со подеми и падови. Секој доживува радост и болка. Луѓето кои почесто плачат, без оглед на тоа дали плачат од среќа или тага, можат да ги почувствуваат чуватвата кои додаваат бои во животот. Болката и радоста одат рака под рака и не можете да исклучите едно чувство, а сепак да го чувствувате другото. Луѓето кои често плачат имаат поквалитетен живот, затоа што се што им се случува го прифаќаат онакво какво што е.

Без оглед на полот, личноста или околностите во животот, лесно е да се увидат поредностите на плачењето. Доколку навистина сакате да имате здрав и силен ум, одвреме-навреме дозволувајте им на солзите да потечат.

здравјеплачењепопуларносолзи