Околу 3000 болни од грип се регистрирани минатата недела во Македонија

Во текот на 6-та недела од 2018 година (од 05.02.2018 – 11.02.2018), во Република Македонија пријавени се 2.964 новозаболени лица од грип, што е зголемување за 48% во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 2.001 заболени лица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 386 заболени, постои зголемување на бројот на заболени во 6-тата недела за 7,7 пати.

Во 6-та недела најголем број заболени – 1.650 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 327,1/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.
Досега во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 8.443.

болнигрипијзсезона