Одлична детоксикација за празничните денови!

Станува збор за напиток на база на лимон, а кој е познат повеќе од 40 години, од времето кога Стенли Бароу го откри во својата книга Master Cleans Diete.

За спремање на напитокот ви се потребни три намирници, ако не се брои и водата – лимон, јаворов сируп и каенски пипер (мелено луто чили пиперче).

Во три децилитри вода измешајте две супини лажици лимонов сок, една лажица јаворов сируп и еден прстофат од каенскиот пипер. Дневно треба да пиете по шест чаши од овој напиток, а „терапијата“ се препорачува да трае барем три недели, за целосна детоксикација, иако ќе ви бидат доволни и неколку дена консумирање на овој напиток за да се чувствувате подобро.

Најдобар ефект ќе има ако доручекот или вечерата ги замените со две чаши од овој напиток. Лимоновиот калиум помага при регулирање на телесните течности и при побрзо чистење на телото, додека каенскиот пипер ја подобрува циркулацијата и метаболизмот воопшто. Содржи и витамин Б и Ц. Јаворовиот сируп служи како природен конзерванс кој спречува оксидација на лимонот, а покрај тоа дава и енергија преку својот природен шеќер и минералите кои ги содржи.

детоксикацијалимонпопуларнопразник