Од утре теренска вакцинација против морбили во училиштата

Од утре ќе има теренска вакцинација во основните и средните училишта, информира денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.

– Во постојана комуникација сме со министерот за здравство и навистина станува збор за алармантна ситуација. Така што сме во фаза на изнаоѓање на што подобро законско решение и во Законот за основно образование, каде што при упис во основните училишта треба да се приложи аргумент дека вакцините се примени. Но, секако, секоја наша одлука треба да биде во насока и во согласност и со уставните одредби каде што основното образование е задолжително и со вредноста дека треба да се запази да не се загрозува јавното здравје на било кој, вели Адеми.

Министерот вели дека во оваа насока ќе бидат нивните решенија, законски и подзаконски, но ситацијата со морбилите, како што рече, станува алармантна.

вакцинацијавирусмали сипанициморбилиучилишта