Од што треба да се пазат лицата со 0 крвна група?

Луѓето со оваа крвна група се посебни бидејќи може да им даваат крв на останатите групи но можат да примаат крв само од иста крвна група.

Но ова не е се што ги прави поинакви од останатите. Повеќе се склони кон некои заболувања, а исто така имаат и некои мноогу моќни особини со кои се истакнуваат во популацијата.

Луѓето со 0 крвна група се склони кон некои болести како чир, дисфункција на тироидната жлезда, ниско ниво на хормони на тироидната жлезда и недостиг на јод. Тие дисфункции можат да предизвикаат несакани последици како што се прекумерна телесна тежина и задржување на вода.

Интересно е дека на разговор за работа во Јапонија, потенцијални вработени често ги прашуваат која крвна група се. Луѓето со крвна група 0 ги опишуваат како одговорни, верни, организирани, свесни и практични личности.

Кога се под стрес може да се налутат, да станат хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, недостиг на вежби и нездрави навики , односно склоност кон стрес ги прави подложни на штетни метаболични процеси, како што е отпорност на инсулин, забавена активност на тироидната жлезда и дебелина.

Исто така лицата со оваа крвна група имаат повисоко ниво на желудечна киселина од другите крвни групи поради што често имаат чувствителен желудник а се склони и кон настанување на чир на желудникот.

Би требало да избегнуваат кофеин и алкохол, а кофеинот може да биде посебно штетен, бидејќи го зголемува нивото на адреналин кој и онака е веќе висок кај луѓе со оваа крвна група.

групазаболувањакрвналицапопуларно