Анафилактичка реакција како последица на анестезијата најверојатно е причина за смртта на 31 годишната родилка од Кичево. По пет дена од смртта, преку писмено соопштенија се огласија и од приватната болница Санте Плус каде во четвртокот на жената и бил направен царски рез. Тврдат дека ваква реакција е непредвидлива, нема како да се превенира и доведува до стеснување на дишните патишта. По влошување на состојбата велат декља ги спровеле сите мерки за реанимација.
-Во тек на реанимацијата породувањето е реализирано со држење под контрола на виталните функции на родилката. За понатамошен трењтман и лекувањ ена пациентиката и новороденчето со претходна најава во КАРИЛ и Детска, префрлени се со возило на Брза помош во придружба на лекари, стои во соопштението од Санте Плус.
Од болницата додаваат дека истиот ден добиле информација од Клиниката за анестезија и реанимација дека и покрај сите преземни мерки, жената починала. Викендот, пак, од КАРИЛ за Сител изјавија дека пациентката кај нив била донесена мртва, без срцева акција и со проширени зеници.
Случајот го испитува и Министерството за здравство.
…. Во врска со случајот на починатата родилка, се преземени сите законски мерки кои се во надлежност на Министерството за здравство, со цел комплетно испитување на случајот. За таа цел, веднаш беше формирана комисија за стручен надзор, која веќе го анализира од стручен аспект целокупниот третман на пациентката, стои во писмениот одговор од МЗ
Клучен доказ за случајот ќе бидат резултатите од обдукцијата.
Се уште не е готов обдукцискиот извештај за родилката која во четвртокот почина за време на царски рез. На Институтот за судска медицинаправат дополнителни лабораториски и токсиколошки анализи кои треба да ја утврдат точната причина за смртта на 31 годишната жена. Ги чекаат и медицинските документи за родилката од приватната болница Санте Плус.
Од болницата се категорични дека пациентиката не била лекувана од стерилитет кај нив ниту пак некој од нивните лекари ја следел бременоста.
Во меѓувреме, од Клинката за детски болести информираат дека е стабилизирана состојбата на новороденчето. Почнало самостојно да дише, но се уште е на одделот за Интензивна нега.