Од оваа храна најчесто се разболуваат луѓето!

Eден од шест Американци секоја година се разболува од контаминирана храна. Патогените како што се ешерихија, се најчестите виновници кои предизвикуваат симптоми како што е грозница, дијареа и повраќање.

Најголемиот број луѓе се разболуваат од храна која ја јадат по ресторани, а овошјето е најчестиот виновник за болести предизвикани од храна, судејќи според податоците од Центарот за контрола на болести во САД.

Податоците на центарот покажуваат дека во текот на 2012 година од морски животни се разболеле 601 лице, од копнени животни 1. 736, додека поради болести предизвикани од билки, помош побарале 1. 754 лица.

Меѓу најчестите локации на кои доаѓа до контаминација, на прво место се рестораните а потоа следат приеми и коктели, дом и други места.

бактеријаконтаминацијаовошјересторанихрана