Од кортизолот расте стомакот, а од естрогенот задникот!

На вашето тело секогаш постои мало „перниче“ околу половината, вишок кожа на рацете, колку и да сте фит и во тренинг? И тоа никако не може да исчезне?
Научниците сега имаат објаснување. Доколку никако не можете да ослабнете во одредени зони и не ви успева да ги стеснете критичните точки, најверојатно имате хормонски дисбаланс кој ве спречува во реализацијата на целите.

– Метаболизмот е многу комплексна работа. Навистина постојат научни причини зошто луѓето имаат одредени облици на градба на телото. А, хормоните се клучни за тој одговор. Животниот стил, исхраната и вежбањето се само мал дел од она што треба да правиме за да имаме вита линија – вели професорот Сафрон Витхед од болницата во Лондон, „Сент Џорџ“.

Малите промени, како што вели професорот, можат да променат многу повеќе. Еве што треба да направите.

Стомак
Виновник: Кортизол
Нашите тела развиле систем за препознавање на опасност кога телото произведува кортизол, хормонот за стрес.

– Постојано сме под стрес. Кога телото ќе препознае опасност, создава маснотии околу црниот дроб и така имаме поголем стомак, а телото создава дополнителна енергија за да се одбрани – вели д-р Марилин Гленвил, нутриционист и специјалист за здравјето на жената.

Збогатете ја исхраната со минерали, е главната препорака на нутриционистите.
Голем задник и бутови
Виновник: Естроген
Премногу естроген во женското тело резултира со оваа појава. Можете да вклучите суплементи на база на соја за ова да го промените, или да го намалите внесувањето на алкохол. Тој е многу штетен доколку имате вишок естроген во телото. Исто така, нутриционисите препорачуваат исхраната да ја збогатите со витамин Е.

Отечени зглобови
Виновник: Прогестерон
Доколку зглобовите на нозете ви се отечени, тоа е знак дека задржувате течност во организмот. Недостатокот на прогестерон може да биде причина за тоа, бидејќи овој хормон дејствува како диуретик. Јадете семки од сончоглед, путер од кикиритки. Избегнувајте индустриска храна и пијте многу течности.

Подуено лице
Виновник: Тироксин
Доколку имате отечено лице, тоа значи дека имате многу малку тироксин во својот организам. Внесувајте селен во својата исхрана по пат на таблети за почеток. Проверете ја комплетно работата на штитната жлезда, бидејќи може да постои некој посериозен здравствен проблем.

задниккортизолпопуларностомак