Од кога се знае за кариесот на забите?

Кариесот постоел уште пред 15.000 години. И праисторискиот човек имал лош здив односно пред појавата на земјоделството и производството на храна, за која досега се веруваше дека е главна причина за појавата на кариес, тврдат американските археолози по проучувањето на скелет пронајден во Мароко.

Во студијата објавена во Аналите на Националната академија на науки (ПНАС), истражувачите наведуваат дека кариесот е пронајден на повеќе од 50 проценти од забите на скелетите на возрасните лица откриени во Пештерата на гулабот во близина на Тафоралт, источно Мароко.

Научниците предходно сметаа дека праисториските луѓе немале проблем со кариесот, бидејќи уште не се занимавале со земјоделство. Но, желадите, семките од бор и другите плодови со кои се прехранувале, се богати со јаглехидрати кои ферментираат. Кога тие ќе се задржат на забите, под дејство на бактерии предизвикуваат скапување.

– Поголемиот број жители на пештерите имале кариес и гнојни процеси. Најверојатно често ги болеле забите и имале лош здив, истакнува Изабела де Грут, една од учесничките во истражувањето.

Студијата покажува дека колачите и газираните пијалаци не се единствените виновници за лошата хигиена на забите, туку дека проблем можат да предизвикаат и одредени растенија.

забикариеспраисториски човекрастенијашеќер