Од денеска жените во Шуто Оризари добија гинеколог

Гинеколошката амбуланта во Шуто Оризари од денес конечно почна со работа. Жените од оваа општина здравствени услуги ќе добиваат од д-р Вјолца Мбира, која е специјалист со долгогодишна искуство во американска болница во Албанија. Докторката не знае македонски јазик, но во комуникацијата со пацинетите ќе и помагала медицинската сестра.

Министерот за здравство Арбен Таравари, рече дека ова се решава проблемот со недостиг на гинеколог во Шутка, кој трае со години, откако последниот гинеколог од оваа општина замина во пензија.
Отворањето на амбулантата Таравари најави дека ќе се случи во јули, но поради административната процедура докторката од Албанија да ги обезбеди потребните документи и лиценца за работа, целата постапка се одолговлече.

Со години жените од Шуто Оризари бараа од Министерството за зравство да им обезбеди матичен гинеколог, но сите огласи што претходниот министер Никола Тодоров ги распиша беа поништени, оти на нив не се јави никој. Проблемот тогашните здравствени власти се обидоа да го решат со тоа што во амбулантата во Шуто Оризари неколку дена во неделата ординираше гинеколог од Гинекологија Чаир. Но, според жените од оваа скопска општина тоа не беше соодветно решение, оти постојанио се менуваше лекарот од Гинекологија Чаир кој доаѓаше во амбулантата, а бидејќи не е матичен гинеколог не можеше да им препише соодветна терапија или да им даде упат за понатамошни испитувања.

гинекологмакедонскипопуларнотараваришутка