Очите го откриваат вашиот карактер!

Најновите истражувања покажуваат дека карактерот на една личност може да се одреди според бојата на очите.

Според овие анализи, на луѓето со темни очи може повеќе да им се верува, додека најнедоверливи се лицата со „студено сини“ очи.

Луѓето со сивкасти очи се најпријателски настроени и се посколни кон авантури, додека оние со зелени очи се мистериозни и непредвидливи. Зеленоките сакаат да бидат слободни и даваат одлични резултаи при работа под притисок, додека лицата со сини очи се интелгнети. Луѓето со темни очи не поднесуваат алкохол, додека оние со светли очи можат да испијат големи количества жесток пијалак, а при тоа да не се опијат. Истражувањето на „Канцер Центарот“ за толеранција на болката, покажало дека жените со светли очи полесно ја поднесуваат болката при породување, а оние со темни очи. Освен тоа, жените со темни очи се и многу по сколни кон постпородилна депресија.

Во студијата на „Џурнал од Персепшуал енд Мотор Скилс“ се наведува и дека лицата со темни очи се многу поуспешни во спортови како тенис или сквош, бидејќи поседуваат вишок на маланин, што му овозможува на мозокот да работи побрзо и поефикасно.

бојакарактерличносточи