Многу е важно што внесуваме пред спиење во организмот, заради квалитетот на сонот, но и заради целото тело.
И додека сонуваме трошиме калории, а покрај корисните совети на нутриционистката Александра Седларециќ можете тој процес да го зголемите само доколку пред да си легнете во кревет консумирате напиток од само две состојки.
Според зборовите на експертот за здрава исхрана, постојат намирници кои дополнително го стимулираат согорувањето масти и калории, а на тој начин му овозможувате и на метаболизмот да функционира без проблем, што за резултат ќе имате помалку килограми на вага.
„Пред спиење може да практикувате да пиете 1 цеден лимон со 300 милилитри вода или да додадете во водата една лажичка цимет“, вели нутриционистката.
Но, Александра преферира пред спиење да пие и ѓумбирова вода.
„Потребен ви е еден свеж корен ѓумбир и 1,5 литри вода. Исечкајте го ѓумбирот којшто претходно добро сте го измиле под млаз млака вода. Ќе ви бидат потребни 5 потенки кругови ѓумбир од коренот. Во сад со вода ставете ги круговите ѓумбир, па варете ги на мала температура околу 20 минути. Потоа тргнете ја течноста од оган, поклопете и оставете да се излади“, вели нутриционистката.
Ѓумбирот содржи многу витамини, минерали, здрави масти и полифеноли кои делуваат како антиоксиданти. Неговата ефикасност за слабеење ја докажуваат и многу истражувања – ѓумбирот содржи соединенија кои се нарекуваат гингероли кои го забрзуваат метаболизмот.
Не смеете да заборавите и дека тајната на витката фигура е во здравата исхрана, физичката активност и секако посветеноста.
Здравата исхрана комбинирана со физичка активност треба да стане ваш нов начин на живот.