Нови 39 студенти по фармација и медицина стипендисти на Фондацијата Трајче Мукаетов

39 студенти од фармацевтскиот и Медицинскиот факултет се нови стипендисти на Фондацијата трајче Мукаетов. 18 се од Фармација и 21 од медицина. Ќе добиваат 6500 денари месечно во период од една година.

– Со ова покажуваме дека како општествено одговорна компанија се грижиме за развојот на општеството, се трудиме да дадеме една додадена вредност во општеството, изјави , Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид АД Скопје.

Од 2007 досега Фондацијата стипендирала 418 студенти по фармација и медицина. 63 од нив веќе работат во Алкалоид. Стипендиите се доделуваат врз основа на успехот, материјалната состојба на студентот и диплома од некоја активност.

-Оваа програма за доделување стипендии е една значајна хумана мисија која многу придонесува за развојот на здравствениот систем во Македонија. Секогаш добро едуцираните стручни кадри од областа на медицината и фармацијата претставуваат една непроценлива вредност и значење за развојот на здравствениот систем, изјави Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ

Почнувајќи од 2009, Фондацијата доделува и еднократна парична награда за првенците на генерацијата од овие два факултети. Годинава по 1200 евра добија Александра Зафировска и Душко Шалабалија од Фармацевтскиот и Невенка Ридова  од Медицинскиот факултет.

алкалоидпопуларностипендиистудентифондација