Во текот на изминатата недела е регистриран еден смртен случај од компликации од грип. Станува збор за 63-годишен пациент од Кавадарци, кој имал срцеви заболувања и починал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Вкупниот број починати од грип сезонава изнесува 23 и ниту еден од нив не бил вакциниран, изјави денеска епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.
Посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 975 заболени, што е за 38 отсто помалку од неделата пред неа. Од вкупниот број починати, појасни, двајца се од Кавадарци, двајца од Кичево, а повеќе од 50 отсто од нив се од Скопје.
– Се движиме на крајот од сезонава и очекувано се намалува бројот на заболените. Малку неочекувано и бавно се намалува бројот на позитивните докажани причинители на грипот кои се докажуваат во ИЈЗ. Тој процент се уште се движи околу 45. Очекуваме во наредните недели да се намалува. Се уште доминира инфлуенца А H1 поттипот во однос на H3N2, но како и во останатиот дел од Европа регистрираме мало сосема лесно зголемување и приближување на инфлуенца H3N2 поттипот во однос на процентуалната застапеност, рече д-р Кузмановска.
Во врска со тоа што им се препорачува на граѓаните, рече дека за да се заштитат од грип тие треба да се вакцинираат, а особено лицата со коморбидитети, со нарушена здравствена состојба од други заболувања