Никогаш не земајте лекови со сокови

Еве зошто

Пиење лекови со сокови, а особено со одредени видови, прилично може да го намали нивното дејство.

Ова пред сè се однесува на соковите од грејпфрут и портокал, доколку истовремено се пијат со лекови против алергии, како и против покачен притисок, тврдат истражувачите од Универзитетот Вестер од Онтарио.

Експертите истакнуваат дека во ваква ситуација дејството на лекот може да се ‘преполови’, а за тоа е одговорна хемиската супстанца нарингин, која ја има во сокот од јаболко.

Се претпоставува дека токму нарингинот го блокира механизмот кој е клучен за премин на молекулите од лековите низ тенкото црево во крвотокот.

дејстволековисок