Никако немојте да го прескокнувате појадокот!

Пропуштањето на појадокот може да се покаже како фатално за многу луѓе, бидејќи го удвојува ризикот од атеросклероза, при која се прошируваат ѕидовите на артериите, соопштува Франс прес.

Агенцијата ги наведува резултатите од студија, која се спроведува во Шпанија веќе 10 години и опфаќа 4.000 вработени во канцеларија. Дваесет и пет проценти од нив имале обилен појадок, обезбедувајќи 20 отсто од дневниот внес на калории.

Но мнозинството од испитаниците – околу 70 проценти, консумирале утро само 5 проценти од дневниот внес на калории, а 3 отсто воопшто не доручкуваат. Втората група покажала најголем ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Според податоците на Светската здравствена организација во 2015 година, во светот починале 17,7 милиони луѓе.

Луѓето кои го пропуштаат појадокот исто така, се вели во истражувањето, имаат високо ниво на индекс на телесна маса, крвен притисок и шеќер во крвта.

Оние во студијата, кои обезбедуваат од појадокот само 5 проценти од дневниот внес на енергија, биле со два пати поголем ризик да доживеат атеросклероза.

атеросклерозанавикапојадокпопуларно