Лекарите препорачуваат ако пиете антиревматици, сулфонамиди и тетрациклински антибиотици, кинолонски антибиотици, орални контрацептивни средства, некои орални антидијабетици, трициклички антидепресиви, антиаритмитик амиодарон, па дури и некои билни лекови, да не излегувате на сонце.
Некои лекови и помошни средства не може да се комбинираат со сонце бидејќи може да предизвикаат алергиски реакции не само на кожата, туку и на организамот.
Ако користите одделни антибиотици, антибеби апчиња или сте на терапија со кортикостериоиди, а веќе сте го испланирале летувањето, констултирајте се со лекар. Од овие лекови може да добиете алергија и дамки по кожата, кои подоцна не може да ги отстраните.
Слично е и со кантарионот. Тој може да предизвика фотосензитивни реакции по кожата. Иако ова масло е одличен лек против изгореници, не смее да се користи пред и за време на сончање.
Парфеми, пилинзи и други препарати може да предизвикаат брунки, јадеж и лупење на кожата ако дојдат во директен контакт со сонце.