Киселите краставички и останатиот зеленчук од туршија се нешто што не може секој да го јаде поради специфичниот вкус. И досега знаевме дека се здрави, но она што не го знаевме е дека можат да имаат позитивен ефект на луѓето кои страдаат од анксиозност.
Научниците откриле дека ферментираната храна, како киселите краставички, кисела зелка или јогурт може да ја намали општествената анксиозност и нервоза. За тоа се одговорни пробиотиците или здравите бактерии од овие продукти. Се верува дека тие влијаат на микробиом во цревата, што понатаму има позитивен ефект на мозокот бидејќи го зголемуваат ГАБА нивото. Тоа е трансмитер кој ја регулира ансиозноста и неговото зголемување делува како лек против тоа.
До вакви заклучоци се дошло со истражување кое опфатило 710. студенти и ги следеле нивните симптоми на анксиозност, нервоза и општествени фобии во однос на тоа колку ферментирана храна јаделе. Со повеќе конзумирање на ваква храна тие нивоа се намалиле.
Факт е дека секој организам се разликува по хемискиот состав и дека на микро ниво се случуваат поинакви промени. Поради тоа е потребно натамошното истражување на оваа тема за да се дојде до уште поконкретни заклучоци.