Пензиониран 87-годишен поштар од градот Нешвил во американската сојузна држава Тенеси, е татко на вкупно 1.300 непризнати деца, според ДНК тест и лични сведоштва собирани последниве 15 години, пишува порталот „Лајк Маг“.
Сето ова започнало кога едно локално семејство покренало приватна истрага, што потоа довела до овој, според многумина, неверојатен податок.
– Контрацепцијата во тоа време не беше баш популарна. Немам од што да се срамам, 60-те години беа златно доба, а јас многу добро го имитирав Џони Кеш и дамите „паѓаа“ на тоа. Некои дури и мислеа дека јас навистина сум тој или барем сакаа да веруваат во тоа, изјави поштарот кој претпочита да остане анонимен.
Џони Кеш е познат кантри пејач од Нешвил, кој во тоа време бил доста популарен во САД.
Детективот Сид Рој, кој ја спровел истрагата, вели дека ниедно од децата не е заинтересирано да покрене процес против старецот, пред се, поради тоа што не сакаат да се расчуе приказната.